ЕП денес: На Хрватска и треба победа, Германија и Швајцарија можат да обезбедат 1/8 финале

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ЕП денес: На Хрватска и треба победа, Германија и Швајцарија можат да обезбедат 1/8 финале

Денес на распоредот е почетокот на второто коло од групните фази на Европското првенство. Од 15:00 часот се среќаваат Хрватска и Албанија. Хрватите после тешкиот пораз од Шпанија ќе имаат шанса за поправен, а победата за нив е императив. Во 18:00 часот Германците ќе играат против Унгарија, а со евентуална победа денес Германија ќе обезбеди учество во 1/8 финалето. Првиот натпревар остварија победа од 5-1 против Шкотска. Од 21:00 часот истото можат да го сторат и Швајцарците во дуелот со Шкотска каде и тие со победа би обезбедиле нокаут фаза на Европското првенство.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.