June 24, 2024 | | Свет
На програмата денес се два натпревари кои започнуваат во исто време, 21 часот. Хрватска во клучниот натпревар ќе игра против Италија, Албанија се среќава со Шпанија. Најпрво, во дуелот меѓу Хрватска и Италија, на Хрватите и е потребна победа за да останат на ова Европско првенство, откако во претходниот натпревар можеа да изборат подобра позиција во натпреварот против Албанија, но истиот заврши нерешено. Италија одигра ужасно против Шпанија и можат да бидат среќни што заврши само 1-0. Со нерешен резултат Италијанците ќе завршат втори, а Хрватска со оглед на негативната гол разлика не би можела со два бода да биде меѓу најдобрите третопласирани, па нерешениот резултат за нив не е опција. Што се однесува до дуелот Албанија-Шпанија, селекцијата на Шпанија веќе го обезбеди првото место, па се очекуваат ротации во нивниот состав. Албанија покажа дека може, се покажаа цврсто и против Италија и против Хрватска, а нивниот напаѓач Даку ќе биде суспендиран поради навредите кои ги имаше спрема Македонците и Србите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |