Епските прослави на Невил и Карагер во вечното дерби се хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Епските прослави на Невил и Карагер во вечното дерби се хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед секогаш предизвикува огромно внимание во Англија, без оглед на моменталните позиции на табелата. Овој пат, натпреварот заврши со реми (2-2), што многумина го сметаат за праведен исход. По завршувањето на дуелот, Sky Sports, како и за секое дерби помеѓу овие два тима објавува видео поврзано со двајцата легендарни поранешни играчи, Џејми Карагер и Гери Невил. Карагер, кој е икона на Ливерпул, и Невил, легенда на Манчестер Јунајтед, сега работат заедно како аналитичари. На таквите видеа се прикажани нивните рекации на головите на своите омилени клубови. Иако во најголем дел го почитуваа договорот да не се покажуваат емоции, Невил малку „се оттргна“ од правилата кога Амад Диало го израмни резултатот, но тоа го направи дискретно, оддалечувајќи го микрофонот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.