May 25, 2025 | | Свет
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, би можел наскоро да се врати на тренерската сцена, откако влезе во напредни преговори со Баер Леверкузен. Холандскиот стратег, кој од октомври е без ангажман, планира камбек ова лето, а Леверкузен го гледа како идеален наследник на Чаби Алонсо, кој денеска беше потврден како нов тренер на Реал Мадрид. Тен Хаг, кој веќе има искуство во германскиот фудбал од своето време со вториот тим на Баерн Минхен, е заинтересиран за предизвикот во Бундеслигата. Во Англија помина две сезони со Манчестер Јунајтед, каде освои ФА Куп, Лига Куп и го врати клубот во Лигата на шампионите. Официјалната потврда се очекува наскоро, со оглед на тоа што двете страни се блиску до договор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |