Ернандес успеа да се израмни со Малдини, легендата му испрати интересна порака

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ернандес успеа да се израмни со Малдини, легендата му испрати интересна порака

Милан славеше со 3-0 на домашен терен против Лече а Тео Ернандес беше еден од стрелците. Со тој гол, Французинот се израмни со најголемата клупска легенда Паоло Малдини по бројот на голови, а потоа двајцата си разменија пораки на социјалните мрежи. „Победа и 29. гол за Милан. Мило ми е што се изедначив со својот идол Малдини! Напред Милан“, напиша Тео. На истата објава, токму Малдини реши да му напише интересна порака/ „Големиот Тео! Мала разлика е тоа што мене ми требаа 25 години за да го постигнам тоа, а тебе само пет. Ти си посебен“, напиша Малдини. Ернандес е еден од клучните играчи во Милан иако често знае да се најде на мета на фановите поради неговата дефанзива каде често премногу се исфрла напред па остава простор по неговата лева страна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.