Еве како изгледа коленото на Бонифејс поради кое не заврши во Милан (ФОТО)

August 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Еве како изгледа коленото на Бонифејс поради кое не заврши во Милан (ФОТО)

Трансферот кој се чинеше целосно договорен меѓу Милан и Виктор Бонифејс доживеа драматичен расплет. Наместо да биде претставен како ново засилување на „росонерите“, нигерискиот напаѓач не ги мина медицинските тестови во Милано и неговото доаѓање пропадна во последен момент. Главниот проблем, според информациите од италијанските медиуми, е коленото на 23-годишниот напаѓач, кое во последните пет до шест години било оперирано двапати. Медицинскиот тим на Милан проценил дека зглобот не е во доволно добра состојба за играч кој треба да издржи напорно темпо во Серија А и Лигата на шампионите. Докторите категорично препорачале на клубот да не ризикува со голема инвестиција за фудбалер со таков здравствен досие, а раководството на Милан ја прифатило нивната одлука. Со тоа, Милан останува во потрага по нов „голгетер“, а пропаднатиот трансфер на Бонифејс е сериозен удар за плановите на Масимо Алегри, кој инсистираше на брзо засилување во нападот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.