Евертон се спаси да не биде казнет, најверојатно и Манчестер Сити

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Евертон се спаси да не биде казнет, најверојатно и Манчестер Сити

Евертон успеа да избегна казна со одземање бодови поради прекршување на правилата за финансиски ферплеј. Независната регулаторна комисија одлучи да пролонгира дел од казната поврзана со каматите за изградба на новиот стадион. Пауза во постапката му овозможи на клубот да достави дополнителни информации за своето сметководство, што придонесе за поволно решение. Управниот одбор на Премиер лигата соопшти дека не би било прикладно или пропорционално да се продолжи со вториот дел од жалбата. „Со ова се затвораат сите постапки помеѓу лигата и клубот во врска со правилата за профит и одржливост за финансиските години што завршија на 30 јуни 2022 и 30 јуни 2023 година“, стои во официјалното соопштение. Овој развој многумина го протолкуваа како потенцијална надеж за Манчестер Сити, кој е под обвинение со 115 точки за прекршувања на финансиските правила. Одлуката за нивниот случај се очекува во месец март. Претходно The Athletic пишуваше дека луѓе блиски до клубот очекуваат само казна за тимот од Манчестер, а не испаѓање од лигата или одземање на трофеи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.