Евра откри: Фергусон заминал поради Роналдо и Бејл!

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Евра откри: Фергусон заминал поради Роналдо и Бејл!

Сер Алекс Фергусон ја освои Премиер лигата во 2013 година и истата сезона реши да ја заврши тренерската кариера. Од тогаш, Манчестер Јунајтед никако да се врати на старите патеки како во периодот на легендарниот тренер. Во последните неколку дена Патрис Евра откри еден интересен детал за тоа зошто Фергусон заминал. “Неговата идеја беше да го врати Роналдо од Реал Мадрид и да го донеде Герет Бејл од Тотенхем. За тоа побарал 200 милини евра од раководството на клубот. Мене лично ми рече дека Роналдо е потврден, само се чека на Бејл иако и тој е многу блиску до Јунајтед. И тогаш откако не му ги дадоа тие 200 милиони евра, Фергусон се повлече од клубот. Инаку за него Роналдо бил подобар од Меси, тоа во неколку наврати го истакнуваше“ посочи Евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.