March 1, 2025 | | Свет
Се погласни се шпекулациите за заминување на Сержо Консеисао од Милан, а клубот ќе ја донесе конечната одлука на крајот од сезоната. Милан моментално се наоѓа на осмото место во Серија А и веќе е елиминиран од Лигата на шампионите. Единствената шанса за трофеј останува Купот на Италија, каде што во полуфиналето ќе се соочи со Интер. Доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите, речиси е сигурно дека ќе бара нов тренер. Консеисао има клаузула во договорот што ѝ овозможува на управата на Милан да го раскине договорот доколку не се постигнат посакуваните резултати. Како главен кандидат за клупата на „росонерите“ се споменува Цеск Фабрегас, кој прави одлична работа како тренер на Комо. Бидејќи е и косопственик на клубот, самиот може да одлучува за својата иднина. Покрај него, алтернативи се Роберто Де Зерби, кој моментално е на чело на Олимпик Марсеј, и Маурицио Сари, кој по разделбата со Лацио сака да се врати во тренерската работа. Интерес за Сари покажува и Аталанта, која го гледа како потенцијална замена за Џан Пјеро Гасперини. Иако Консеисао ја започна сезоната со освојување на италијанскиот Суперкуп, неговата иднина во Милан е неизвесна. Клубот во наредниот период ќе остане во контакт со тројцата кандидати, а најсериозна опција останува Фабрегас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |