September 16, 2024 | | Свет
Тренерот на Комо кој воедно своевремено беше и еден од најдобрите фудбалери во светот Сеск Фабрегас би можел да се најде во огромен проблем. Освен што засега не му оди со Комо со кого освои два бода во првите четири натпревари, проблеми има и надвор од терените. Шпанскиот тренер моментално живее во Бисоне, престижен регион во Швајцарија, на околу 25 километри од Комо каде изнајмувал одреден стан за кој не платил ќирија, па сега ќе заврши на суд. Сопстевеникот на станот решил да го даде Фабрегас на суд и рочиштето ќе започне следната недела, а станува збор за 36.000 евра. Заедно со семејството би можеле да бидат исфрелни од станот, но навистина би било чудно таков престижен човек и огромна икона во фудбалот да се доведе во таква ситуација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |