August 16, 2024 | | Свет
Актуелниот тренер на Комо, Сеск Фабрегас го изрази своето мислење околу шампионската трка во Премиер лигата каде тој смена дека шампионот конечно ќе се промени и Арсенал ќе биде тој што ќе го турне Манчестер Сити од тронот. Тој смета дека Арсенал стануваат подобри и подобри секоја година и дека се гладни за успех. „Со Сити, само чувствувам дека е многу, многу тешко да се биде подобар од она што го направија со освојувањето на тројната круна, четири пати по ред во Премиер лигата, така што можам да ги видам само како паѓаат. Можам само да ги видам како паѓаат или остануваат исти и ова е она што ме прави да чувствувам дека Арсенал потенцијално може да го оствари тоа. Морам да бидам искрен, го кажав истото што го кажувам сега минатата година. Ама јас само гледам, постојано, како Арсенал расте и расте и чувствувам дека ова може да биде година за нив“, рече Фабрегас. Тој предвидува дека во Топ 4 ќе завршат Арсенал, Сити, Ливерпул и Челси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |