Фановите на Барселона удрија по еден играч по киксот: Оди си од клубот

November 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фановите на Барселона удрија по еден играч по киксот: Оди си од клубот

Барселона забележа нов кикс во Ла Лига, овој пат против Селта Виго каде одиграа нерешени 2-2. По натпреварот, навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и побараа да биде продаден во јануари. Станува збор за Френки Де Јонг кој влезе при резултат 0-2 и го замени Гави на 15 минути пред крајот, но токму Холанѓанецот пружи ужасна партија и не внесе енергија. „Оди си од клубот…… Не заслужуваш да бидеш капитен….. Не си ни потребен…… Оди со што поскоро….. Ужасен си“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.