Фановите на Билбао не можат да се помират, го избришаа мурал со ликот на Вилијамс (ФОТО)

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фановите на Билбао не можат да се помират, го избришаа мурал со ликот на Вилијамс (ФОТО)

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс се наоѓа во центарот на навивачка бура откако одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Барселона. Досегашниот миленик на Атлетик Билбао, за кого фановите пееја песни и му посветуваа мурали, сега е цел на критики и гнев. На местото каде што до вчера гордо стоеше неговиот мурал, сега пишува: „Заминувај и остани далеку. Ја изгуби нашата почит.“ Со ова, навивачите испратија јасна порака – одлуката за трансферот во ривалскиот клуб од Каталонија не е простлива. Ситуацијата дополнително се вжешти и со реакцијата на неговиот брат Инаки Вилијамс, кој остана верен на Билбао. Тој преку социјалните мрежи испрати порака. „Зад вакво непочитување секогаш стои некој толку мал што не може да си го покаже своето лице.“ Иако трансферот сè уште не е официјално потврден, сите сигнали водат кон тоа дека Барселона ќе биде новиот дом на Нико, а неговото заминување од Баскија ќе остави длабоки траги во навивачкото срце на Билбао.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by 433 (@433)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.