Фановите на Милан бесни: Донарума прави шокантен трансфер во Интер?!

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фановите на Милан бесни: Донарума прави шокантен трансфер во Интер?!

Навивачите на Милан сè уште не му го простија на Џанлуиџи Донарума неговиот трансфер во ПСЖ, но омразата кон него може да достигне нови височини доколку ја прифати понудата која се подготвува. Италијанските медиуми откриваат дека Интер е заинтересиран за репрезентативниот голман и веќе има планови како да му пристапи на ПСЖ, каде што Донарума моментално брани. Претставници на Интер веќе стапиле во контакт со Донарума за да дознаат какво е неговото расположение за евентуален трансфер. Доколку оваа зделка се реализира, тоа би предизвикало огромно незадоволство меѓу фановите на Милан. Сезонава, 36-годишниот Јан Зомер е прв голман на Интер, но неговата форма не е на нивото од претходната сезона, па клубот бара долгорочно решение за оваа позиција. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува во 2026 година, но преговорите за продолжување не се одвиваат според плановите. Ова отвора можност за Интер да го обезбеди потписот на 26-годишниот голман за релативно мала отштета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.