March 1, 2025 | | Свет
Милан се наоѓа во криза и се соочува со проблеми на сите фронтови, а најновиот удар беше поразот од Болоња (2-1) во заостанатиот натпревар од Серија А. Навивачката група „Курва Суд“ веќе подолго време е во конфликт со американската управа на клубот, а сега ја подигна тензијата со јасен ултиматум. Доколку фудбалерите не го подобрат својот настап, а управата не преземе конкретни мерки, навивачите се заканија со бојкот на натпреварите. „Сега е почеток на март, а нашата сезона е веќе готова или барем речиси. Останаа уште две дерби пресметки во Копа Италија кои можат да ви помогнат да си го вратите достоинството или дефинитивно да го потврдите својот целосен неуспех. Минатото лето го продолживте ланецот грешки од минатото, а во јануари ги поправавте грешките. Проблемот е во отсуството на авторитет и сопственичката структура (Кардинале не бил во Милано од септември), напротив својата работа ја делегираше на своите соработници. Исто така елиминирана беше клучна фигура како спортскиот директор, која е фундаментална. Тренерот кој не смени многу по доаѓањето на клупата, не успеа да го поправи односот на играчите на теренот. Фудбалерите беа целосно поддржани од нас до овој четврток, иако трпевме натпревари како тој во Загреб, Ротердам, Болоња и многу други. В недела ќе влеземе на стадионот дури во 15. минута, а ја охрабруваме и обичната публика да го направи истото. Ако не видиме значајни промени во играта и пред се во вашиот став, ќе дојдеме до точка целосно да ве напуштиме, оставајќи ве сами со вашиот срам. На крајот на годината потребен е целосен ресет, американскиот модел потфрли од сите аспекти. Потребни се структурни промени и нова командна линија од фудбалски луѓе ако сакате сериозно да го реизградите најуспешниот италијански клуб и да го вратите „миланизмот“ меѓу навивачите“, се вели во соопштението. На натпреварот против Лацио во недела, навивачите ќе се појават на трибините дури по 15 минути игра. Како и досега, нема да носат знамиња и транспаренти, продолжувајќи со својот протест.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |