April 28, 2025 | | Свет
По големото финале на Купот на Шпанија, кое Барселона го освои со драматична победа од 3:2 над Реал Мадрид по продолженијата, Лука Модриќ се најде под силни рефлектори. Клучниот погодок за триумфот на „каталонците“ го постигна Жул Кунде во 116. минута, по голема грешка што ја направија токму Модриќ и Браим Дијаз. Хрватскиот маестро ризично одигра паралелно додавање во незгодна зона, а Дијаз не успеа навреме да реагира. Тоа загубено додавање заврши кај Кунде, кој брзо излета и ја испрати топката во мрежата за голема радост на Барселона. Шпанските медиуми не штедеа критики кон Модриќ, истакнувајќи ја неговата грешка како клучен момент што го одлучи финалето. Сепак, дополнителна анализа откри дека и Џуд Белингем има голем удел во проблемите на Реал. Снимките покажаа дека при акцијата за првиот гол на Барса, Белингем ја загуби топката на средината од теренот, дозволувајќи му на Пау Кубарси да го пресече неговото додавање. Кубарси потоа ја упати топката до Педри, кој мајсторски ја префрли на десната страна до Дани Олмо. Белингем наместо да се обиде да ја врати топката, остана немоќно фаќајќи се за глава, додека Педри продолжи без пречки и постигна погодок за водство на Барселона.
Bellingham gives the ball away and spends his time standing still reacting, meanwhile Pedri makes a pass, runs by him, and scores. pic.twitter.com/vLPiEOjimT
— Luis Mazariegos (@luism8989) April 27, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |