June 17, 2025 | | Свет
Тинејџерската сензација на Барселона, Ламин Јамал, и покрај тоа што има само 17 години, веќе живее живот каков што сонуваат многумина – со блескава фудбалска кариера, слава и, изгледа, љубовен живот кој предизвикува огромен интерес кај јавноста. Според пишувањата на шпанските медиуми, младиот фудбалер започнал романтична врска со инфлуенсерката и јутјуберката Фати Васкез, која е 12 години постара од него. Фати е едно од највлијателните имиња на дигиталната сцена во Шпанија и има милионски број следбеници. Таа ја започна својата онлајн кариера во 2016 година – во време кога Јамал имал само девет години. Шпекулациите се разгореа откако фановите забележале забележителни сличности во нивните последни објави на Инстаграм. И двајцата неодамна престојувале на Сицилија, а фотографиите покажуваат идентични локации, од панорамски глетки до базен и хеликоптерски кадри. Иако ниту еден од нив не ја потврдил врската ниту објавил заедничка фотографија, интернет детективите тврдат дека совпаѓањата не можат да бидат случајни.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |