May 17, 2025 | | Свет
Цените за храна на фудбалските стадиони повторно се вжештена тема на социјалните мрежи, откако страницата Footy Food објави фотографија што ги остави љубителите на спортот и пуканките во шок. Фотографијата прикажува навидум обичен комбо-пакет: сад со пуканки и лименка пиво. Но, она што ги запали реакциите е цената – цели 33 долари, или приближно 30 евра. Да, толку чини едно „грицкање“ за време на натпревар на стадионот на Лос Анџелес ФК. Американскиот клуб, кој станува сè попопуларен во МЛС лигата, очигледно не е само шампион на теренот, туку и во категоријата – „најскапа ужина на трибини“. Навивачите се пожалија дека за таа цена можат да вечераат во ресторан, додека други со иронија забележаа: „Па за тие пари барем нека ги сервираат пуканките во сребрен сад!“ Страницата Footy Food, специјализирана за следење на цените и квалитетот на храна на стадиони ширум светот, токму со оваа објава предизвика лавина од коментари, мемиња и споредби со европските стадиони каде што, на пример, хот-дог и пиво можат да се добијат за симболични 5 до 10 евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |