August 11, 2025 | | Свет
Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко, кој пред само два дена официјално потпиша договор со Манчестер Јунајтед, веќе успеа да остави силен впечаток во клубот. Според англиските медиуми, на првите тренинзи тој ги воодушевил и соиграчите и стручниот штаб со својата физичка подготвеност, брзина и завршница. Особено внимание привлече една фотографија од тренингот на која Шешко изведува неверојатен скок, при што изгледа како да „лебди“ над останатите фудбалери. Реакциите на фановите беа бурни: „Овој човек е огромен“, „Како е ова можно?“, „Можно ли е да има толкав скок?“ — се само дел од коментарите кои го преплавија интернетот. Своето деби во Премиер лигата, Шешко ќе има прилика да го запише веќе на 17 август од 17:30 часот, во дербито против Арсенал во првото коло. Пред да дојде во Манчестер, словенечкиот напаѓач го носеше дресот на Лајпциг, каде во 87 настапи постигна 39 голови и запиша 8 асистенции. За неговите услуги, „црвените ѓаволи“ платија 76,5 милиони евра, со можност сумата да се зголеми за уште 8,5 милиони преку бонуси.
Benjamin Sesko knows how to JUMP! 😳 Arsenal fans, look away! pic.twitter.com/0FuuS78v6E
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) August 11, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |