Фариоли не можеше да се сопре од плачење поради изгубената титула на Ајакс (ВИДЕО)

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фариоли не можеше да се сопре од плачење поради изгубената титула на Ајакс (ВИДЕО)

Италијанскиот тренер Франческо Фариоли повеќе не е предводник на Ајакс, откако тимот ја загуби титулата во холандската Ередивизие и покрај тоа што имаше девет бода предност пред ПСВ Ајндховен пред последните пет кола. Клубот од Амстердам објави дека Фариоли сам ја понудил својата оставка, која била прифатена од страна на раководството. Фариоли ја презеде функцијата пред речиси една година, во мај 2024, и имаше договор до јуни 2027. Заедно со него клубот ќе го напуштат и неговите соработници Даниеле Кавалето, Фелипе Санчез Матео и тренерот на голманите Јарко Туомисто. „Моето патување со Ајакс започна со желба клубот да се врати на врвот. Иако не ја освоивме титулата, успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите. Беше чест да бидам тренер на Ајакс“, рече Фариоли. Фариоли по последниот натпревар не ги сокри емоциите и заплака пред навивачите. Ајакс ја заврши сезоната на второто место, со еден бод помалку од ПСВ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.