May 12, 2025 | | Свет
Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо ја објави листата на фаворити за престижната награда „Златна топка“ според Score90, а на неа води младата ѕвезда на Барселона – Ламин Јамал. Шпанецот оваа сезона блеска во дресот на каталонскиот гигант и одигра клучна улога во борбата за титулата во Ла Лига, што му носи силна поддршка за освојување на најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот. Негова најголема конкуренција е Усман Дембеле, кој со ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во француското првенство и има можност да се закити и со трофеј во Лигата на шампиони. Во најтесната конкуренција за „Златната топка“ се наоѓаат уште двајца фудбалери на Барса – Рафиња и Педри, како и офанзивецот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |