February 5, 2025 | | Свет
Милан без поголеми проблеми ја совлада Рома со 3-1 и обезбеди место во полуфиналето на Копа Италија. Навивачите на „Сан Сиро“ имаа причина за славје, а двоен стрелец на натпреварот беше Тами Абрахам, додека третиот гол беше дело на новите засилувања Сантијаго Хименез и Жоао Феликс. Резултатот беше отворен уште во 16. минута, кога Абрахам ја затресе мрежата по прецизна асистенција од Тео Хернандез. Иако во првото полувреме Томори и Писили имаа шанси за нов погодок, не успеаја да реализираат. Сепак, Милан го зголеми водството во 42. минута, повторно преку Абрахам, кој уште еднаш погоди по додавање од Хернандез. Рома покажа реакција во вториот дел, кога Клаудио Раниери направи три измени, а една од нив веднаш даде резултат – Артем Довбик во 54. минута намали на 2-1. Милан не дозволи изненадување и по примениот гол се врати во ритам. Дебитантите Сантијаго Хименез и Жоао Феликс имаа своја улога во третото погодување – Мексиканецот му испрати одлична топка низ одбраната, а Феликс го совлада голманот со прецизен лоб за конечни 3-1. Во финишот на мечот, Милан имаше мала доза среќа откако автоголот на Рејндерс беше поништен поради офсајд во претходната акција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |