September 6, 2025 | | Свет
Фенербахче реши да се раздели со Жозе Мурињо откако тимот не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Но, само една недела подоцна, се чини дека раководството можеби избрзало со овој чекор. Имено, клубот сè уште не успева да најде соодветен наследник на Португалецот. Денеска стигнаа негативни одговори од двајца искусни и трофејни стручњаци – Анге Постекоглу и Лучано Спалети. Постекоглу, кој има одлична репутација во Европа, изразил желба да продолжи да работи во некоја од топ-5 лигите. Најблиску е до клупата на Баер Леверкузен, кој неодамна се раздели со Ерик тен Хаг. Спалети, пак, по разделбата со италијанската репрезентација, сака да направи пауза и во овој момент не е заинтересиран за нова работа. Фенербахче има уште девет дена до следниот натпревар, дербито против Трабзонспор, што значи дека клубот ќе мора брзо да најде решение за тренерската позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |