Фенер на Мурињо со победа почна во Европа, падна и смешен автогол (ВИДЕО)

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фенер на Мурињо со победа почна во Европа, падна и смешен автогол (ВИДЕО)

Фенербахче и Ренџерс издвоија победи во своите први натпревари во Лигата на Европа. Тимот на Мурињо потешко од очекуваното славеше со 2-1 против Унион. Сојунчу го отвори резултатот во 26. минута, а на 2-0 зголеми фудбалерот на Унион, Кристиан Бургес, кој во 82. минута успеа да си постигне смешен и ненамерен автогол. Унион промаши пенал во 92. минута, но веќе наредната минута со голот на Рос Сајкс го смалија резултатот и го поставија конечниот резултат. Ренџерс од друга страна славеше против Малме со резултат од 2-0 каде стрелци беа Недим Бајрами и Рос Меккосланд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.