Фенербахче на чекор до договор со Зинедин Зидан

September 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фенербахче на чекор до договор со Зинедин Зидан

Фудбалската легенда Зинедин Зидан е блиску до сензационално враќање на тренерската сцена, овојпат во Турција. Според медиумите од Истанбул, Фенербахче постигнал договор со францускиот стратег, кој треба да го наследи Жозе Мурињо на клупата. По неуспехот да обезбеди пласман во Лигата на шампионите под водство на Мурињо, управата на „жолто-сините“ веднаш почна потрага по нов предводник. Прв избор бил Лучијано Спалети, кој ја одбил понудата, а во игра биле и Анџелос Постекоглу и Доменико Тедеско. Зидан, кој со Реал Мадрид ги освои сите можни трофеи – вклучувајќи три последователни Лиги на шампиони – веќе неколку години е надвор од тренерските води, но изгледа дека е подготвен за нов предизвик. Иако долго време се поврзува со клупата на француската репрезентација по Мундијалот 2026, турските извори уверуваат дека неговата следна дестинација ќе биде токму Фенербахче.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.