December 4, 2024 | | Свет
Враќањето на Елиф Елмас во турскиот фудбал повторно е во фокусот, откако се појавија информации дека македонскиот „дијамант“ дал начелна согласност за враќање во Фенербахче, пренесоа турските медиуми, но и македонскиот спортски портал Екипа. Елмас, кој како тинејџер имаше одлични настапи за Фенербахче пред да се пресели во Наполи, сега сериозно размислува за враќање во клубот каде што беше високо ценет и имаше извонредни односи со навивачите. По неуспешниот период во Лајпциг, каде неговата епизода не донесе посакувани резултати, македонскиот фудбалер размислува за новиот правец во кариерата. Јануарскиот трансфер изгледа како најреална опција и покрај последните најави дека Елмас би можел да остане во Лајпциг доколку тренерот Росе добие отказ. Информациите од Турција велат дека Фенербахче веќе започнал разговори со германскиот клуб за овој трансфер. Се вели дека Мурињо го одобрил почетокот на преговорите, а контактот со Елмас бил воспоставен, при што македонскиот фудбалер начелно се согласил да се врати во својот поранешен клуб. Меѓутоа, пред да се реализира овој трансфер, ќе биде потребно да се постигне договор помеѓу Фенербахче и Лајпциг. Иако интерес за Елмас покажува и Наполи, италијанскиот клуб сака само позајмица, додека Фенербахче е подготвен да понуди траен трансфер. Германските медиуми претходно објавија дека Лајпциг ќе бара 15 милиони евра за македонскиот фудбалер во јануари, што е значително пониска сума од онаа што клубот ја плати кога го доведе Елмас од Наполи кога беше платен 24 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |