Фердинанд откри: Тој е највредниот играч во светот и за тоа нема дилема

July 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фердинанд откри: Тој е највредниот играч во светот и за тоа нема дилема

Финалето од Европското Првенство во фудбал во Германија ќе се одигра утре со почеток од 21:00 часот во Берлин, а во пресрет на натпреварот, легендата на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд го пофали и му оддаде признание на играчот кој треба де биде меѓу главните актери на мечот на олимпискиот стадион. „Родри е најдобриот диригент во играта. Всушност мислам дека тој е највредниот играч во моментов во фудбалот. Родри е само над сите. Тој речиси изгледа како наставникот на теренот, а сите други се ученици, така ми е чувството. Има вистински мирен авторитет за него“, истакна Фердинанд. Родри последните неколку сезони изразна во еден од најдобрите фудбалери и веројатно најдобар среден играч во светот. Тој го постигна победоносниот гол против Интер и му ја донесе првата титула во Лигата на шампионите на Манчестер Сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.