Фергусон го преферира Алегри за следен тренер на Манчестер Јунајтед

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фергусон го преферира Алегри за следен тренер на Манчестер Јунајтед

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, наводно, посочил дека клубот треба да го ангажира Масимилијано Алегри доколку се одлучат да го отпуштат Ерик тен Хаг. Алегри моментално е без работа по заминувањето од Јувентус на крајот на минатата сезона, а според „Gazzetta dello Sport“ поранешниот менаџер на Челзи и Баерн Минхен, Томас Тухел е водечки кандидат за оваа работа доколку Тен Хаг замине. Овој медиум тврди дека изборот ќе биде меѓу нив двајца ако дојде до отпуштање на Тен Хаг. Алегри со Милан успеа да го освои Скудетото, а потоа со Јувентус пет пати ја освои Серија А и Купот, а двапати стигна и до финалето во Лигата на шампионите. Што се однесува до Тухел, тој веќе имаше разговори со Манчестер Јунајтед во текот на летото, па има смисла дека германскиот тактичар можеби сè уште е силно разгледуван, а по лошиот почеток на сезоната, полека треба да размислуваат за промени ако резултатите и понатаму не се позитивни. Како опции се споменуваат и Ван Нистерлој, како и тренерот на Интер Симоне Инзаги.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.