October 21, 2024 | | Свет
Легендата на Манчестер Јунајтед Гери Невил ќе биде амбасадор во клубот каде од оваа позиција веќе бил на настани во Индија како промотер на клубот. Она што е важно да се спомне е дека Невил оваа функција ќе ја обавува бесплатно и наводно нема да биде никаков финансиски терет за клубот. Претходната недела беше потврдена информацијата дека Сер Алекс Фергусон ќе биде тргнат од позицијата амбасадор на клубот и директор на фудбал каде неговиот ангажман ќе заврши после оваа сезона. Таа улога ја обавуваше откако реши да се пензионира како тренер каде заработувал околу два милиони фунти годишно. Причината за неговото отпуштање е намалувањето на трошоците на клубот. Иако 49-годишниот се пензионираше во 2009 година, тој останува силно поврзан со својот клуб. Тој исто така е член на работната група на клубот која ќе се занимава со регенерирање на областа Олд Трафорд, вклучувајќи ја и можноста за изградба на нов стадион.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |