Фергусон загрижен за своето здравје: Се плашам од една болест!

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фергусон загрижен за своето здравје: Се плашам од една болест!

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во моментов има 82 години и призна дека се плаши од една болест, а тоа е деменцијата. Тој рече дека се грижи за своето здравје решавајќи квизови. „Сега сум во 82 година, нормално е да сум загрижен. Би ве лажел кога би рекол дека не размислам секој ден за деменција или Алцхајмер. Мојата меморија е се уште добра, но некои работи кои ми годат. Читам многу, а она што ми го разбиструва мозокот најмногу, се квизовите. Вклучувам Јутуб, наоѓам квизови со 100 прашања и одговарам на нив, ако не дадам 70% точни одговори на нив, тогаш сум загрижен за мојата состојба“, открива Алекс Фергусон. Во 2018 година тој имаше излив на крв во мозокот, но во моментов се чувствува добро.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.