Фермин Лопез: Првиот ден во Ла Масија ми беше најлош во животот

September 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фермин Лопез: Првиот ден во Ла Масија ми беше најлош во животот

Шпанскиот фудбалер Фермин Лопез блеска оваа сезона во дресот на Барселона, иако до крајот на преодниот рок немаше сигурност дали ќе остане во Каталонија или ќе побара нов предизвик. Во интервју за шпанските медиуми, Лопез се наврати на почетоците на својата кариера и првите денови во славната академија „Ла Масија“. „Барселона покажа интерес за мене кога имав 11 години, но мојот татко тогаш одби. Две години подоцна клубот повторно ме побара и тогаш прифативме. Почетокот не беше лесен, морав да бидам далеку од семејството и пријателите. Ми беше многу тешко. Првиот ден во Ла Масија ми беше најлошиот во животот“, открива Лопез. Младиот играч денес е важен дел од тимот, со 93 настапи во синиот дрес, 21 постигнат гол и 11 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.