Фернандеш: Не заслужив да добијам црвен картон!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фернандеш: Не заслужив да добијам црвен картон!

Манчестер Јунајтед доживеа нов дебакл, овој пат против Тотенхем и тоа со пораз од 3-0. Уште во раната фаза домаќините примија гол а потоа натпреварот одеше само во надолна линија за нив. Вчерашниот пораз беше трет од почетокот на првенството во шест одиграни натпревари, а еден од трагичарите беше капитенот Бруно Фернандеш кој заработи се чини престрог црвен картон за стартот над Медисон. „Сакав да излезам и да разговарам со новинарите бидејќи сум таков. Играчите го заслужија тоа, бидејќи останавме со десетмина до крајот на мечот. Јас бев исклучен, јас сум тој што ги изневери останатите. Тимот покажа многу карактер, борбеност, отпор, а не беше лесно. Според мене, тоа не беше за црвен картон, барем јас така сметам. Се сложувам дека е фаул, судијата се обиде да ми каже дека видел јасен контакт со ѓонот на копачката, но не беше така. Не го допрев со долниот дел на копачката. Да ми дадеше жолт картон бидејќи тргнаа во контра ќе се сложев, но не и за повеќе од тоа“, изјави Фернандеш. Интересно е што ова е првиот црвен картон во неговата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.