Фернандеш: Зошто секој натпревар да не играме вака?

January 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фернандеш: Зошто секој натпревар да не играме вака?

Во Манчестер Јунајтед имаат за што да жалат, бидејќи Хари Мегваер во последните моменти од натпреварот од идеална позиција не успеа да ја погоди мрежата и шутираше над голот. „Позицијата на табелата не може да лаже, таа покажува како играте. Ние загубивме премногу бодови, а денеска можевме и да победиме. Со оглед на ситуацијата резултатот е за нас добар, но сум разочаран затоа што знам дека можевме и повеќе. Кога игравме вака на „Енфилд“ против ваков Ливерпул, зошто да не играме на овој начин во секој натпревар. Секој треба да започне од самиот себе, вклучувајќи ме и мене како капитен, мораме да покажуваме храброст како денес“, изјави Бруно. Фудбалерите на Манчестер јунајтед, иако не победија, одиграа одлично дерби против Ливерпул кое на крајот заврши без победник. Ваквата игра против тимот кој е лидер и игра во најдобра форма во Премиер лигата може да биде пресвртница во сезоната за Манчестер јунајтед, а така смета и капитенот на тимот, Бруно Фернандеш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.