October 3, 2025 | | Свет
ФИФА ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година. Топката носи име „Трионда“ и е дело на германскиот спортски гигант Адидас, кој е партнер на ФИФА уште од Мундијалот во 1970 година.
Дизајнот ги обединува симболите на трите земји-домаќини: јаворовиот лист на Канада, мексиканскиот орел и ѕвездите на САД, поврзани преку триаголник што ја симболизира нивната заедничка организација.
Новитет е вградениот чип со сензор, кој ќе пренесува податоци за движењето на топката директно до ВАР системот, со што ќе се овозможи уште попрецизна анализа на спорните ситуации.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, а ждрепката за групната фаза е закажана за 5 декември во Вашингтон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |