ФИФА подготвува револуција во фудбалот: Три нови правила што можат да ја променат играта!

November 2, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

ФИФА подготвува револуција во фудбалот: Три нови правила што можат да ја променат играта!

ФИФА експериментира со три нови правила на Светското првенство за фудбалери до 15 години, со цел да се зголеми динамиката на играта, да се намалат прекините и да се овозможи поголема минутажа за младите фудбалери. Меѓу новитетите се неограничени замени, уфрлување на топката со нога наместо класичен аут и изменет начин на одредување офсајд. Според предложените правила, тренерите ќе можат неограничено да ги менуваат играчите, што би им овозможило на повеќе фудбалери да добијат можност за настап. Наместо топката да се враќа во игра со уфрлување со раце, тоа ќе се прави со нога, додека кај офсајдот ќе се користат означени линии поставени на 14 метри од гол-линијата. Целта на експериментите е да се поттикне поофанзивен фудбал, да се намали времето потрошено на прекини и да се зголеми учеството на сите играчи во натпреварите. Арсен Венгер, кој во рамките на ФИФА е вклучен во развојот на фудбалот, ја нагласува важноста на играта и развојот на младите фудбалери. „На оваа возраст, најважно е да се игра“, гласи пораката на Венгер. Останува да се види какви резултати ќе дадат експериментите и дали овие правила во иднина би можеле да бидат применети и во други младински натпреварувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.