ФИФА тестира нов систем: Тренерите ќе можат да бараат промена на судиска одлука

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ФИФА тестира нов систем: Тренерите ќе можат да бараат промена на судиска одлука

ФИФА размислува да воведе систем со кој тренерите на двата тима ќе можат да спорат максимум две судски одлуки. Веќе спроведе успешни експерименти за време на светските првенства за девојки до 17 и до 20 години. „Важно е да се разбере дека ФВС системот не е ВАР. Поради помалиот број камери, ФВС нема да може да покаже што може да покаже ВАР“, изјави шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина. Овој систем нема да може да обезбеди автоматски предупредувања за офсајд или технологија за гол и истиот ќе може да се користи само во случаи на правилно или погрешно проценување на ситуација, присуство или отсуство на прекршок при доделување на пенал, како и за директен црвен картон. Токму во такви случаи тренерите ќе можат да побараат преиспитување на одлуката, што повторно ќе биде направено преку дополнителен екран на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.