September 20, 2024 | | Свет
Во последниот период се повеќе фудбалери се жалат на густиот календар и големиот број на натпревари кои ќе треба да ги одиграат. За оваа тема зборуваа Родри, Карвахал, Де Брујне, Кунде, Аканџи и Бернардо Силва. Родри дури најави и штрајк на фудбалерите ако ова продолжи. Но, со спротивен став се огласи легендарниот Луис Фиго. „Тешко е да се зборува на оваа тема бидејќи е комплицирана. Фудбалерите имаат договори, а ние мораме да го најдеме најдоброто решение за сите страни. Логично е да се зголеми бројот на натпревари, тоа е ефект на се што се случува и топката која тргна да се тркала и тешко може да се запре. Колку повеќе натпревари, толку поголеми договори можат да дадат клубовите. Ако бројот на натпревари се намали тогаш и платите мора да бидат пониски. Затоа е потребно да се направи баланс, меѓутоа тој е тешко да се пронајде“, рече тој. Сагата продолжува, а се поизвесно е дека фудбалерите ќе мора да се обединат и да се изјаснат со јасен став, па тогаш да се сретнат со УЕФА и ФИФА и страните да се обидат да пронајдат решение.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |