July 13, 2025 | | Свет
Пари Сен Жермен и Челси вечерва ќе се соочат во големото финале на Светското клупско првенство, каде освен за престиж, ќе играат и за импресивна парична награда. Победникот на натпреварот ќе инкасира 40 милиони долари, додека поразениот ќе добие утешни 30 милиони. И покрај почетните негодувања од дел од фудбалската јавност, ФИФА успеа да го реализира новиот формат на Светското клупско првенство со 32 клубови. Турнирот се одржа во САД, а завршува вечерва со финалето на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Главен адут за прифаќањето на новиот формат беше огромниот награден фонд. Вкупно 1 милијарда долари се распределува меѓу учесниците, а клубовите имаа шанса за помалку од еден месец да заработат до 100 милиони долари. И двата финалисти веќе стекнаа солидна заработка. По две победи во групната фаза (по 2 милиони долари по натпревар), како и пласманите во осминафинале (7,5 милиони), четвртфинале (13,125 милиони) и полуфинале (21 милион), ПСЖ и Челси веќе заработија по 45,625 милиони долари. Покрај наградите за пласман, ФИФА предвиде и надоместоци за учество, кои за европските клубови се движат од 12,81 до 38,19 милиони долари. Иако точните износи не се објавени, проценките велат дека ПСЖ, со поголем комерцијален потенцијал, ќе добие повисока сума од Челси. И покрај тоа што доларот изгуби дел од вредноста во однос на еврото и фунтата, и ПСЖ и Челси можат да бидат повеќе од задоволни: за само седум одиграни натпревари во 30 дена, се очекува нивната крајна добивка да надмине 100 милиони долари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |