Физичкиот проблем кој Фати го има ќе го чини многу

October 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Физичкиот проблем кој Фати го има ќе го чини многу

Пред околу пет години, Ансу Фати беше вистинска сензација во Барселона. Клубот имаше толку големи надежи во него што дури му беше даден и дресот со бројот десет. Но, како што пренесува новинарот Чави Торес од „TV3“, Фати се наоѓа во огромни проблеми кои најверојатно ќе го чинат многу. „После бројните повреди кои Фати ги имаше, тој сега има хронични болки во мускулите на задната ложа кои му оневозможуваат потполно да ги исправи своите нозе кога трча и оди, а тоа резултира со бавност и несмасни движења. Фати си е сам крив за ова бидејќи тој одбиваше да ја оперира задната ложа и првиот и вториот пат кога ја повреди. Наместо тоа, се одлучи за конзервативен третман. Тој не е во можност да направи 50 спринта во полна брзина, а тоа е нешто што во моменталниот фудбал е некој минимум за секој фудбалер за време на еден натпревар“, изјави Торес. Минатата сезона Фати беше на позајмица во Брајтон, но и таму имаше лоша сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.