Флик им се „заканил“ на играчите на Барса „Ел Класико“

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик им се „заканил“ на играчите на Барса „Ел Класико“

Барселона издвои огромна победа против Реал Мадрид во првото лигашко „Ел Класико“. Најголема заслуга за ваквата победа имаше тренерот Ханси Флик кој тактички одлично го постави натпреварот. Реал Мадрид не можеше да најде решение за офсајд замките на Флик, а тоа резултираше со пораз од 4-0. Според информациите на „Mundo Deportivo“, Флик инсистирал на неговата тактичка поставеност дури и откако беше поништен голот на Мбапе поради офсајд. Пред натпреварот, тој наводно им се „заканил“ на фудбалерите на Барселона. „Кој ќе се помести и еден метар назад, ќе биде заменет веднаш“, наводно рекол Флик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.