Флик ја покажа својата класа: Новинарот го „спаси“, Германецот му се оддолжи! (ВИДЕО)

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик ја покажа својата класа: Новинарот го „спаси“, Германецот му се оддолжи! (ВИДЕО)

Ханси Флик е познат како особено мирен и дисциплиниран човек. Тој пред неколку дена имаше прес-конференција која двапати беше прекината бидејќи германскиот тренер имаше голема кашлица. Новинарот Чави Лемус му даде бомбона и му помогна кашлицата да заврши, а Флик не му остана должен на новинарот, па на следната прес-конференција му ја врати услугата. Тој му пријде на Лемус и му даде иста таква бомбона, а присутните со аплауз го проследија моментот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.