Флик може да здивне: Јамал подготвен за камбек

September 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик може да здивне: Јамал подготвен за камбек

По серијата лоши вести со повредите на Гави и Фермин Лопез, тренерот на Барселона, Ханси Флик, конечно може да здивне – во тимот се враќа Ламин Јамал. Младиот бисер на „блауграна“ закрепнува побрзо од очекуваното и ќе биде во комбинација за неделниот дуел против Реал Сосиедад. Се очекува Флик да го користи како џокер од клупа, со цел постепено да влезе во ритам пред многу поважниот предизвик – пресметката со ПСЖ во Лигата на шампионите следната недела. Јамал досега настапи на само три од шесте натпревари сезонава. Последниот настап го имаше уште на 31 август против Рајо Ваљекано, кога токму тој го постигна единствениот погодок за Барса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.