Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите!

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите!

Пред првиот дуел на Ханси Флик во Лигата на шампионите како тренер на Барселона, тој изјави дека е убеден дека неговиот тим може да дојде до најпрестижниот европски клупски трофеј. Флик вели дека клуб како Барселона цели кон трофеи, па истото важи и за овој трофеј. „Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Големите клубови како Барса сакаат да освојуваат титули и Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. Подготвени сме да играме против најдобрите. „Мене не ме интересира минатото, ние треба да се фокусираме на сегашноста. Имаме серија на победи во Ла Лига и треба да останеме фокусирани што е неопходно кога стартувате во Лигата на шампионите. Што и да се случувало во минатите издание на ова натпреварување, останува во минатото“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.