Флик направи нешто што им успеало само на двајца тренери на Барселона!

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик направи нешто што им успеало само на двајца тренери на Барселона!

Ханси Флик засега има одлична тренерска кариера во Барселона каде во Ла Лига на седум натпревари имаат седум издвоени победи. И покрај тоа што на теренот ги нема Дани Олмо, Гави, Де Јонг, Араухо и Кристенсен, сепак Германецот одлично менаџира со тимот и засега резултати има. Резултатот од седум победи на првите седум натпревари е достигнување кое им успеало само на двајца тренери на Барселона досега. Прво, се работи за тренерот Тата Мартино кој успеа да победи во првите осум натпревари во 2013, а другиот тренер е Ернесто Валверде кој во 2017 година го постигна истиот скор како Флик. На Флик му се потребни победи во наредните две кола од Ла Лига за да постави нов рекорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.