Флик направи радикален потег по ремито со Рајо

September 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик направи радикален потег по ремито со Рајо

Ханси Флик, наводно ги заклучил своите фудбалери во соблекувалната по ремито (1-1) против Рајо Ваљекано, со што беше прекината победничката низа на каталонците. Барселона сезоната ја отвори со две победи – 3-0 против Мајорка и 3-2 против Леванте – но Флик не бил целосно задоволен од играта. Незадоволството кулминирало по дуелот со Рајо, по што германскиот стратег решил на своите играчи да им одржи сериозен говор. Според „Атлетик“, Флик ја повторил пораката што ја кажа и пред медиумите на прес-конференцијата. „Најважно е кога ќе заврши преодниот рок сите фудбалери во клубот да бидат 100% посветени на тимот. Без его – егото го убива успехот. Минатата сезона игравме како една целина, мораме повторно да бидеме такви.“ Иако потегот на Флик изгледа радикален, извори блиски до соблекувалната тврдат дека играчите ја прифатиле пораката како исправна и праведна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.