Флик отпиша четворица играчи од кои едниот беше скапо платен

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик отпиша четворица играчи од кои едниот беше скапо платен

Ханси Флик, тренерот на Барселона, е разочаран од начинот на кој тимот ја заврши календарската 2024 година и веќе размислува за можни промени во составот за следната сезона. Според извори од Шпанија, германскиот стручњак има четворица фудбалери кои веќе ги ставил на листата за продажба, а спортскиот директор Деко ќе добие дозвола да им најде нови клубови. Ерик Гарсија не успеа да го убеди Флик дека заслужува да остане во тимот, а истата судбина чека и Ансу Фати, кој најверојатно нема да добие нова шанса во Барселона. За Френки де Јонг ситуацијата е слична, бидејќи тој веќе не е приоритет за стручниот штаб, и ако стигне добра понуда, ќе биде прифатена. Де Јонг инаку е едно од најскапите засилувања во историјата на клубот, но Флик реши да се ослободи од него. Андреас Кристенсен исто така не ќе има многу време да се наметне кај Флик, што го поставува на пат за трансфер. Иако се шпекулира и со продажба на Феран Торес, неговата форма во последните натпревари може да донесе промена и да влијае на одлуката до крајот на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.