Флик: Ова што се случува со судиите во Шпанија е страшно

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Ова што се случува со судиите во Шпанија е страшно

Барселона ја брани својата лидерска позиција во Ла Лига, но освен за спортските аспекти, тренерот Ханси Флик на последната прес-конференција проговорил и за актуелните контроверзии поврзани со судиите во шпанскиот фудбал. Реал Мадрид изрази незадоволство од неколку натпревари, тврдејќи дека тимот на Карло Анчелоти бил оштетен од арбитрите. Посебен акцент беше ставен на случајот со судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој се нашол под силен притисок и добивал смртни закани откако му додели црвен картон на Џуд Белингам. Флик повика на промени во односот кон судиите, истакнувајќи дека клубовите и јавноста треба да покажат повеќе почит. „Се троши премногу енергија на расправии со арбитрите, а треба да се сфати дека тие ги носат конечните одлуки. Порано немаше ВАР, сега го има, затоа мора да имаме доверба во судиите. Она што им се случува во моментов е навистина загрижувачко. Мора да мислиме и на нивните семејства, сите правиме грешки, вклучително и јас. Одговорноста на играчите и тренерите е да ги заштитат арбитрите, ова што се случува не ми се допаѓа. Фудбалската федерација треба да заземе цврст став, бидејќи без судиите фудбалот не може да постои“, заклучи Флик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.