Флик: По паузата ќе покажеме дека сме силни!

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: По паузата ќе покажеме дека сме силни!

Барселона игра во катастрофална форма во Ла Лига, а на последните седум меча освои само пет бода. Особено загрижува фактот што претрпеа порази на домашен терен од Лас Палмас, Леганес и Атлетико Мадрид, што го загрижи клубот и неговите навивачи. Сепак, Ханси Флик, тренерот на Барселона, останува оптимист и верува дека тимот ќе се врати на победничките патеки по паузата. „Беше неверојатно како игравме. Паузата за нас доаѓа во вистинско време. Горд сум како одигравме, но мора да учиме од грешките. Да загубите девет бода на домашен терен не е нормално. Колку сме силни ќе покажеме после паузата. Разочаран сум од поразот, но животот продолжува. Кога во 6:30 наутро патувам за на тренинг, среќен сум што можам да ги тренирам овие момци. Сега немаме добра атмосфера во соблекувалната, но таков е фудбалот. Ќе се вратиме уште посилни. Треба да ги направиме играчите горди на начинот на кој играат.“ И покрај слабата форма, Флик има надеж дека тимот ќе се опорави и ќе започне да освојува бодови, иако статистиката до сега не е на неговата страна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.