Флик: Под притисок сме, мораме да научиме нешто

December 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Под притисок сме, мораме да научиме нешто

До пред само три кола Барселона беше на врвот на Примера, со неверојатни 11 победи од 12 натпревари, но од тогаш нешто се промени. Клубот од Каталонија не успеа да одржи својата доминација, забележувајќи три последователни неуспеси. Овие киксови му овозможија на Реал Мадрид да ја избрише разликата и сега има шанса да го преземе лидерското место ако го добие заостанатиот меч против Валенсија кој беше одложен поради поплавите во тој град. Ова се случува во момент кога Барселона изгледаше како незапирлива сила во лигата, што покажува дека фудбалот е непредвидлив и дека не се знае што ќе се случи од еден до друг натпревар. Следат сериозни предизвици за тимот на Ханси Флик. Утре, тимот ќе гостува кај Мајорка, а тоа е само првиот од серијата три важни натпревари. По ова следуваат посети на Бетис во Ла Лига и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, што значи дека тимот на Ханси Флик ќе има многу работа за да се врати на победнички пат. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не се двоуми да испрати силни пораки до своите играчи. „Време е да се разбудиме и да почнеме да се бориме за секоја топка. Во овој дел од сезоната секоја победа е важна и мораме да покажеме дека сме спремни да се бориме до последниот момент за да го одржиме лидерството“, изјави Флик. Секој нареден натпревар ќе биде клучен, а притисокот е се поголем за Каталонците. „Тимот можеше да го добие овој натпревар [против Лас Палмас], но тоа не го направивме тоа. И сега сме малку под притисок. Сега тимот треба да се врати. Фокусот е многу важен. Ова е многу млад тим, најмладиот тим во Ла Лига. Мора да научиме дека треба да се бориме за победа. Ако е тежок натпревар, да се има чиста мрежа, тоа значи дека сите во тимот треба да се бранат. Се браниме како една единица. Зборувам не само да играме фудбал, туку и да се бориме, ова е важно. Бев играч за овој став. Не сакам да губам. Мислам дека треба да создадеме повеќе од ова во тимот, да се бориме повеќе за ова, да го добиеме натпреварот. Во некои ситуации на теренот го правиме тоа добро, но имаме простор да го подобриме. Долг е патот во Ла Лига. Вака гледам на тоа, да се бориме, бидејќи на крајот на сезоната сакаме да ја освоиме титулата, секако, ние сме Барселона. Затоа сакам да видам дека сите се борат, не само тимот, туку и персоналот“, рече Флик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.