Флик постави огромен рекорд во Барселона (ФОТО)

March 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик постави огромен рекорд во Барселона (ФОТО)

Барселона со стил ја совлада Жирона со убедливи 4-1, но покрај трите бода, овој триумф донесе уште еден значаен момент, а тоа е историски рекорд за тренерот Ханси Флик! Германскиот стратег стана првиот тренер во историјата на каталонскиот гигант кој успеал да ја доведе екипата до неверојатни 139 погодоци на 45 натпревари. Дополнително, Барселона под негово водство дури 35 пати постигнала четири или повеќе голови на еден натпревар, подвиг што го зацврсти неговото име во клупските книги на рекорди. Со овој триумф, Каталонците остануваат на врвот на табелата во Ла Лига со 66 бодови, три повеќе од вечниот ривал, Реал Мадрид. Трката за титулата станува сè пожестока, а Барса под водство на Флик изгледа подготвена да се бори до самиот крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.